Португалија потврди рекордни 167 смртни случаи од коронавирус и рекорден број пациенти на интензивна нега, објавија денеска здравствените власти. Во земја со 10 милиони жители, вкупно 9.028 лица починале од почетокот на пандемијата.

Рекордни 664 пациенти со COVID-19 се на интензивна нега.

Португалија, која го помина првиот бран на пандемијата со помалку заразени и смртни случаи од повеќето европски земји, речиси го удвои бројот на кревети за интензивна нега од почетокот на пандемијата кога имаше 528 и најниска стапка на инфекција на 100.000 жители во Европа.

Властите подготвуваат нови мерки затоа што жителите не се придржуваат кон воведените мерки како што е задолжителната работа од дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.