Португалија прогласи вонредна состојба и веднаш воведе полициски час во областите што се најсилно погодени од коронавирусот.

Почнувајќи од денес, најмалку две недели, околу седум милиони луѓе или околу 70 проценти од населението ќе мора да останат дома поради полициски час, кој ќе трае во работните денови помеѓу 23 и 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 до 5 часот наутро, јави АП.

Со прогласување вонредна состојба, на владата и се дадени посебни овластувања за одлуки што можат да бидат продолжени, а ограничувачките мерки може да се зајакнат доколку бројот на заразени со коронавирус не почне да се намалува.

Бројот на заболени во Португалија драстично скокна во последните неколку недели, а досега починаа 2.896 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.