Портрет на се уште актуелната британска кралица Елизабета е отстранет од заедничката просторија на еден од колеџите на Универзитетот Оксфорд со образложение дека сликата претставува симбол на „скорешната колонијална историја“.

Симнувањето на сликата е направено на барање на студентите на Магдален колеџот, според кои, на тој начин заедничката просторија ќе биде попријатна за членовите и ќе се признае дека „за некои од студентите, сликите од монарсите и британската монархија ја претставуваат скорешната колонијална историја.“

Претседателката на колеџот, објаснила дека студентите не го претставуваат колеџот, меѓутоа таа, сепак, го поддржува нивното право на „слободен говор и политичка дебата“.

Според британскиот министер за образование, Гавин Вилијамсон, потегот е апсурден.

Тоа што студентите на Оксфорд ја отстранија сликата од кралицата е едноставно апсурдно. Таа е шеф на државата и симбол на она што е најдобро во Британија. За време на нејзиното долгогодишно владеење таа неуморно работеше на промовирање на британските вредности на толеранција, инклузивност и почит околу светот – истакна Вилијамсон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.