Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се заразил со коронавирус, пренесоа британските медиуми.

Поради инфекцијата, наведува Порошенко на Фејсбук, тој ќе остане дома да се лекува и дека се надева на броз закрепнување.Тој, исто така, ја искористи можноста и во постот ги повика сите Украинци да се грижат за себе.

„Кралот на чоколадото“ (55) ја предводеше Украина во еден претседателски мандат,  од 2014 до 2019 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.