Најмалку 30 лица загинаа, а околу 3.000 се повредени во експлозијата што се случи денеска во бејрутското пристаниште, во близина на центарот на Бејрут, Либан. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем, бидејќи многу луѓе се заглавени под урнатините.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Станува збор за најголемото пристаниште во главниот град, преку кое се вршел најголемиот дел од транспортот на продукти за земјата.

Вака изгледа местото по несреќата, а експертите велат дека штетата, физичка и економска, ќе се санира со години:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.