Здравствените власти во Италија соопштија дека славењето ширум земјата по  триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО 2020 предизвикало пораст на бројот заразени со корона вирус.

Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус.

Епидемиолозите предупредија на раст на бројот новозаразени во областа Лацио во изминатите три денови, а особено во саботата.

Советникот на италијанската Влада околу епидемиолошките мерки, Марко Локатели, посочи дека „јавните собирања помогнале вирусот повеќе да циркулира“.

Тој во изјава за римскиот весник „Република“ наведува дека просечната старост на заразените со Ковод-19 во Италија сега изнесува 28 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.