Поранешниот претседател на Судан, Омар ал-Башир е осуден за корупција и незаконско поседување странска валута и наредните две години ќе ги помине во поправен дом, донесе пресуда денес судот во Картум.

Претседателот на судот ја образложи пресудата за 75-годишниот Башир, кој ја загуби во власта во април по неколкумесечни протести против неговото 30-годишно владеење, и рече дека поранешниот шеф на државата е поштеден од затворска казна поради неговите години.

Судијата, исто така, нареди и конфискација на милиони евра и судански фунти пронајдени во резиденцијата на Башир.

Башир го бара и Меѓународниот кривичен суд, кој издаде потерници за него во 2009 и 2010 година под обвинение за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид во суданската провинција Дарфур.

Неколку други тужби се поднесени против него во Судан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.