Поранешниот американски министер за одбрана Џејмс Матис го обвини актуелниот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ги подели САД и остро ја осуди можноста за употреба на војската како одговор на граѓанските немири.

-Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не се обидува да ги обедини американските граѓани. Тој дури и не се преправа дека тоа го прави. Наместо тоа, тој се обидува да не раздели. Сведоци сме на последиците од неговите тригодишни напори тоа да го направи, изјави Матис за американскиот магазин „Атлантик“.

Матис, кој оставката на функцијата секретар за одбрана во претседателската администрација ја поднесе во 2018 година, како споредба искорсти потсетувања за Втората светска војна и борбата против нацистичка Германија.

-Особено во пресрет на слетувањето на сојузниците во Нормандија, кога се покажа дека нацистичкиот план за уништување на непријателот е „Подели па владеј “, рече Матис, пренесува „Гласот на Америка“.

Пензионираниот поморски генерал, кој негира дека има политички амбиции, го критикуваше американското воено раководство за присуството на фотосесијата со Трамп, откако полицијата и припадниците на Националната гарда ги растераа мирните демонстранти во близина на Белата куќа.

Марк Еспер, актуелниот секретар за одбрана и Марк Мајли, претседавачото со Генералштабот на американската армија, ги критикувани поради користењето на зборот „бојно поле“ за да се опише состојбата во градовите во САД погодени од протестите.

-Ние мора да ја отфрлиме идејата дека нашите градови се бојно поле, рече Матис.

Говорејќи за заканите на Трамп за распоредување воени сили, Матис рече дека тоа ќе создаде лажен конфликт – меѓу војската и граѓанското општество.

Реагирајќи на ставовите на Матис, портпаролката на Белата куќа Кејли МекКена рече дека објавениот текст е, како што рече, самопромотивен „систем за смирување на елитата во Вашингтон“.

“Доналд Трамп е претседател на законот и редот кој го врати мирот на улиците на нашата држава. Зборовите на Матис се бледи во споредба со неговите храбри постапки”, напиша МекКена на Твитер.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува дека ќе биде потребно американските трупи да се вклучат во протести низ Соединетите држави за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, по полициското апсење во Минеаполис минатиот понеделник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.