Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, е поднесена прекршочна пријава пред судот во Олбени, соопшти портпаролот на судовите во државата Њујорк, Лусијан Чалфен.

Портпаролите на Куомо не биле веднаш достапни за коментар.

Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата.

Неговото заминување уследи по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, соопшти дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.