Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј, е осуден денеска на суд во Кина на 13,5 години затвор за земање мито.

Менгу беше осуден во судот во Тијанџин, северна Кина.

Поранешниот шеф на Интерпол се изјасни за виновен минатиот јули.

Во март минатата година, владејачката Комунистичка партија објави дека истрагата открила оти Менг потрошил огромни суми од државни фондови, ја злоупотребил својата положба и одбил да ги почитува партиските одлуки, потсети „Ројтерс“.

Кон крајот на 2018 година Интерпол објави дека Менг поднел оставка на чело на светската полициска агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.