Поради релативно високата инфлација, владата на Аргентина ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, главно храна и производи за хигиена.

На компаниите не им е дозволено да ги зголемат цените во следните 90 дена – изјави аргентинскиот државен секретар за трговија, Роберто Фелети.

Претходно, левичарската Влада на претседателот Алберто Фернандез ги прекина преговорите со здружението на прехранбената индустрија без да постигне договор.

Стапката на инфлација во Аргентина е над 50 проценти, што е една од највисоките во светот.

Аргентина некогаш богата земја, е во тешка економска и финансиска криза, поради пренатрупан државен апарат, ниска продуктивност во индустријата и голема сива економија. Вредноста на пезосот продолжува да се намалува, а растат долговите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.