Повеќе од 600 новинари починале од Ковид-19 во 59 земји во текот на десетте месеци од 2020 година, колку што трае пандемијата.

Во соопштение на меѓународната невладина организација Прес емблем кампањ – ПЕЦ, се наведува дека од 602 новинари кои починале од Ковид-19 од 1 март, во Латинска Америка се забележани најмногу случаи, односно повеќе од половина или 303 смртни случаи.

Азија ја следи Латинска Америка со 145 смртни случаи, по што доаѓа Европа со 94, Северна Америка со 32 и Африка со 28.

Поради својата професија, новинарите кои одат на терен се особено изложени на вирусот. Некои од нив, особено фриленсерите и фотографите, не можат да работат од дома – изјави генералниот секретар на ПЕЦ, Блез Лепен.

Според Перуанското национално здружение на новинари, Перу е земја со најголем број смртни случаи, каде што од март починаа 93 медиумски работници. Бразил е втор со 55 жртви, пред Индија со 53 смртни случаи и Мексико со 45. Во Еквадор имало 42 смртни случаи, а во Бангладеш 41.

САД регистрираат 31 жртва во медиумите од Ковид-19. Во Пакистан има 22, во Панама 11 и во Боливија девет смртни случаи на медиумски работници.

Од европските земји, Италија забележа најголем број починати новинари вкупно 37, следи Турција со 17 и Велика Британија со 13 случаи. Во другите земји има помал број смртни случаи од ковид-19 во медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.