Кина повторно спроведе масовно тестирање на цел град, откако беше потврден само еден позитивен случај во градот Кашгар, во провинцијата Џинјианг.

При масовното тестирање се пронајдени 138 лица заразени со Ковид-19, а се работи за случаи без симптоми.

Џинјианг е дом на кинеската главно муслиманско ујгурко малцинство за кое организациите за заштита на човековите права тврдат дека ги прогонува владата во Пекинг.

Училиштата во Кашгар се затворени, а на жителите не им е дозволено да го напуштаат градот без негативен тест на корона.

Првиот случај на зараза во Кашгар била жена која немала симптоми, а откриено е дека е позитивна во тек на рутинско тестирање. Тоа е првиот случај во Кина во последните десет дена.

Масовно тестирање почна во саботата, а до неделата беа направени 2,8 милиони тестови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.