Постојаното паѓање на снегот предизвика големи проблеми во повеќе делови на Австрија, а денеска и во Горна Австрија и Салцбург прогласено е највисоко ниво на опасност од лавина.

Највисокото ниво од 5 степени значи дека лавините можат да се активираат сами од себе. Поради огромната количина снег, во покраината Тирол околу 1 000 домаќинства останаа без струја бидејќи неколку дрвја поради товарот од снегот паднале врз далноводите.

Во покраината Салцбург, во регионот Селктал, кој е отсечен од остатокот од земјата, спасувачките екипи тргнале низ снегот за да се пробијат и да ги достават потребните лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.