Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат построги мерки и нови затворања за да го спречат ширењето на коронавирусот.

Карантинот во Белгија е продолжен, а строгите мерки се сила во Германија и Ирска.

Шведска  пред неколку дена воведе построги мерки. Делумното затворање е на сила од овој викенд во делови на Франција кои се особено тешко погодени од пандемијата на коронавирус, имено областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк.

Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи.  Владата во петокот донесе одлука за воведување на нова вонредна состојба, која ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена.

Во Шпанија на сила е полициски час, кој ќе трае најдоцна до мај. Португалија  воведе ново затворање на 15 јануари.  Нов бран  на коронавирус го зафати и Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.