Русија, Кина, САД и Пакистан се заинтересирани да бидат посредници во решавањето на кризата во Авганистан, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ние остануваме посветени на задачата за воспоставување мир и стабилност на територијата на Авганистан, така што таа нема да претставува закана за регионот, рече Лавров.

Во исто време, додава тој, Русија се противи на идејата да им се дозволи на авганистанските бегалци да влезат во поранешниот советски регион во Централна Азија, кој се наоѓа помеѓу Русија и Авганистан, или таму да бидат распоредени американски војници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.