Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека има потврдени информации дека Институтот за вирусологија во Вухан се занимава со воени истражувања.

Со сигурност можам да кажам дека лабораторијата е вклучена во активности поврзани со Народноослободителната армија на Кина. Воените проекти беа спроведени паралелно со цивилните – изјави Помпео, пренесе „Фокс њуз“.

Според него, американските разузнавачки служби имаат информации дека научници во лабораторијата на Вухан биле заразени уште пред пандемијата со Ковид-19. Тој исто така соопшти за постоење „голема количина докази“ дека вирусот потекнува од тоа место.

Помпео додаде и дека институтот во Вухан се занимава со истражување за зголемување на инфективноста и смртоносноста на вирусите.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пак, побара исплата од 10.000 милијарди долари оштета од Кина за нејзината улога во пандемијата со корона вирусот и го повикува имунологот д-р Ентони Фаучи да објасни колку точно информации знаел за активностите кои се спроведувале во Институтот за вирусологија во Вухан.

Во својата изјава, Трамп го исмеја својот научен советник за пандемијата, тврдејќи дека тој спасил стотици илјади животи противејќи се на упатствата на Фаучи за сè, од затворање на границите, развој на вакцини и носење маски.

Преписката меѓу Фаучи и Кина зборува премногу гласно за некој да може тоа да го игнорира. Кина треба да плати 10 трилиони долари на Америка и светот за смртта и уништувањето што тие го предизвикаа – вели Трамп, осврнувајќи се на повеќе од 3.000 страници на приватните електронски пораки на Фаучи од јануари до јуни 2020 година што ги добиле, „Вашингтон пост“, „Си-Ен-Ен“ и „Базфид њуз“.

Републиканците тврдат дека е-поштата докажува дека Фаучи знаел оти лабораторијата во Вухан спроведува експерименти со генетски модифицирани вируси на корона.

Според нив, комунуикацијата покажува дека Фаучи бил предупреден за можноста за бегство на вирусот од лабораторијата, но дека тој постојано инсистирал на тоа дека пандемијата избувнала природно, со пренесување од животно на човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.