Државниот секретар на Соединетите држави, Мајк Помпео, ја обвини кинеската комунистичка партија дека знаеле колку е „вирулентен коронавирусот“, напиша тој во твит.

Кинеската комунистичка партија знаеше колку е вирулентен коронавирусот. Тие ги цензурираа и исчезнаа свиркачите и новинарите кои се обидоа да го вклучат алармот. ККП е виновникот за глобалната пандемија во која загинаа повеќе од 200.000 Американци – и скоро 1 милион луѓе ширум светот, објави Помпео на Твитер.

Претходно, Помпео ја осуди Кина за дозвола за ширење на пандемијата на коронавирусот, додека, неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации, рече дека ОН мораат да ја повикаат Кина на одговорност за дозволувањето на ширење на коронавирусот низ целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.