Полската армија се повлекува од позицијата на чешката територија што „ненамерно“ ја окупирала при затворањето на границата поради пандемијата на коронавирусот, објави денеска полската Врховна воена команда.

Полските сили воспоставиле граничен премин долж полско-чешката граница за време на пандемијата, со што го блокирале патот од чешката страна што води кон историски значајната капела, по што чешките власти се пожалиле во Варшава.

– Имаше недоразбирање од полска страна, капелата сега е достапена, рече портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи Хана Мала.

Полската војска објави дека оваа постапка била „недоразбирање, а не намерно дејствување и оти истата е исправена веднаш“, пренесува Политико

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.