Полската влада одлучи да го забрани увозот на јаглен од Русија, како дел од сеопфатната стратегија за намалување на енергетската зависност од Русија.

Полска ќе наметне казни за сите приватни субјекти кои увезуваат руски јаглен, а полските цариници ќе вршат проверки – изјави владиниот портпарол, Пјотр Милер.

Тој додаде дека Полска повеќе не може да чека целата Европска Унија да ја усвои таа политика.

Полска произведува голем дел од сопствените потреби за јаглен, но исто така се потпира на увоз. Рускиот јаглен сочинува 13 отсто од горивото што го користи на годишно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.