Полска објави дека ќе купи 250 од најновите модернизирани верзии на тенокот „Абрамс“ од САД.

Нашата армија ќе го подобри својот квалитет со голем број тенкови „Абрамс“, кои се најнапредни во светот – изјави вицепремиерот Јарослав Качински, кој е лидер на владејачката националистичка партија Право и правда.

Тој нагласи дека доколку се оди според планот, испораката ќе почне следната година.

Министерството за одбрана на Полска соопшти дека порачката е за 250 тенкови „М1А2 СЕПв3“, но не ја прецизираше цената.

Минатата година САД и Полска потпишаа договор за соработка во областа на одбраната, а Вашингтон соопшти дека ќе испрати дополнителни 1.000 војници во Полска, според принцип на ротација, покрај 4.500 кои се веќе стационирани таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.