Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер“, бидејќи не се доставени сите договорени количини вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер.

Тој за полското Радио еден изјави дека најверојатно ќе се преземат правни активности доколку не бидат доставени сите нарачани дози.

„Фајзер“ и германската компанија „БиоНТек“, кои заеднички ја развиваат вакцината против Ковид-19, ги намалија испораките на вакцини во земјите на ЕУ сè додека не се зголемат производните капацитети.

Во Полска во понеделникот беа испорачани 176.000 дози вакцини на „Фајзер“, 50 проценти помалку од договорената количина, а полскиот министер за здравство Адам Ниџилски најави дека преостанатите дози ќе бидат испорачани до средината на февруари

Италија исто така најави правни активности против компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.