Полска ќе дозволи вакцинација со дополнителна доза вакцина против коронавирус на лицата со слаб имунитет, објави министерот за здравство Адам Ниџиелски, додека најголемата источно –европска членки на ЕУ се подготвува за четвртиот бран .

Со околу 200 случаи дневно, бројот на новозаразени во Полска претставува само мал дел од бројот на случаи потврдени дневно за време на третиот бран во пролетта. Меѓутоа, додека повеќе заразната варијанта делта придонесува за раст на бројот на случаи, земјата очекува ситуацијата да се влоши на есен.

Медицинскиот совет ја прифаќа употребата на третата доза за лица со намален имунитет, па засега третата доза ќе им ја дадеме на лица со ослабен имунитет, рече министерот Ниџелски. Тој објаснил дека дополнителните дози ќе бидат достапни од 1 септември.

Од 38 милиони жители на Полска, 18,6 милиони се целосно вакцинирани. Во текот на летото, ритамот на вакцинација се забавил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.