Полската влада објави дека ќе запре со увоз на руски природен гас без да чека важечкиот договор да истече на крајот на 2022 година.

Заедно со Бугарија и Финска, Варшава одби да го прифати новиот механизам за плаќање базиран на руска рубља, воведен кон крајот на март од страна на Москва.

По 30 години може да се констатира дека односите во гасната индустрија меѓу Полска и Русија се прекинати“, изјави Пјотр Наимски, полски комесар за стратешка енергетска инфраструктура.

Тој додаде дека полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа, кој претходно се користеше за транспорт на природен гас од Русија, може да се користи за снабдување од Германија.

„Овој дел од инфраструктурата за пренос на гас е во сопственост на ЕурополГас. Со оваа делница, како и со целиот систем за пренос на гас во Полска, управува ГАЗ-Систем“, соопшти Варшава

.
Барањето на Москва за плаќање во рубљи се однесува на земјите кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина и ги замрзнаа девизните резерви на земјата.

Голем број европски енергетски компании се усогласија со новата руска шема за плаќање. Претходно овој месец, Брисел издаде ажурирани упатства за тоа како компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубли без да ги прекршат санкциите наметнати против земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.