Полска објави дека е забележан нов рекорд од дури 3.003 нови случаи со корона вирус за 24 часа, како и дека ова е најцрниот ден од избивање на епидемијата.

Во овој период починале дури 75 луѓе.

Епидемиолошката ситуација драстично се влошува, а Владата размислува за нови рестриктивни мерки за да се избегне потполно затворање на државата.

Досега во Полска починал 2.792 пациенти како последица од Ковид-19, а потврдени се 107.319 случаи на зараза со корона вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.