Половина од населението во Нагорно-Карабах е раселено од поетокот на судирите во спорниот регион за кој завојувани се Ерменија и Азербејџан, соопштија властите во главниот град на регионот, Степанакерт.

На единаесеттиот ден од борбите, околу 50 проценти од населението во Нагорно Карабах е раселено, од кои 90 проценти се жени и деца – изјави Артак Белгарјан, официјален претставник на Нагорно Карабах.

Белгарјан додава дека раселени се од 70.000 до 75.000 луѓе.

Нагорно Карабах има вкупно население од околу 140.000 жители, од кои 99 проценти се Ерменци.

Ерменија го обвинува Азербејџан дека од петокот безмилосно го бомбардира нивниот главен град Степанакерт, што предизвикало повеќето од 50.000 жители да го напуштат градот, а останатите да се кријат во засолништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.