Половина од Французите примиле две дози од вакцините „Модерна“, „АстраЗенека“ или „Фајзер“, една доза доколку биле позитивни на Ковид-19 или една доза на вакцината „Јансен“, јави дописникот на МИА од Париз.

Повеќе од половина од Французите (50,5 отсто од вкупното население) сега се целосно вакцинирани против Ковид-19, соопшти Генералниот директорат за здравство.

Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 40.719.515 лица примиле барем една инјекција (т.е. 60,4 отсто од вкупната популација) и 34.026.476 луѓе сега имаат комплетна шема за вакцинација (т.е. 50,5 отсто од вкупната популација), се наведува во соопштението за напредокот на вакцинацијата.

Прагот од 40 милиони Французи кои добија барем една инјекција беше надминат во понеделникот, еден месец пред првичниот план на француската Влада, која сега има за цел 50 милиони вакцини до крајот на август.

Министерот за здравство Оливие Веран рече дека има „декорелација помеѓу хоспитализациите и дијагнозите“, истакнувајчи дека „благодарение на вакцинацијата има помалку хоспитализирани пациенти со тешки форми на Ковид-19, отколку за време на претходните бранови“.

За среда е планиран состанок на министрите од француската Влада надлежни за здравствената криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.