Вилијам Шекспир, првиот човек на светот што прими вакцина против коронавирус, почина во болница на 81-годишна возраст.

Неговата слика се појави во сите медиуми на почетокот на декември, кога по Маргарет Кен, тој беше втор во светот што ја прими вакцината Фајзер.

Бил, како што го нарекувале, починал во четвртокот по кратко боледување во истата болница каде ја примил вакцината.

Тој беше голем љубител на фотографијата, обожуваше џез и дружења, а ја сакаше и природата. Бил ќе остане запаметен по многу работи, особено по добрата смисла за хумор – се вели во соопштението на семејството.

Зад себе ги остави сопругата Џој, двајцата синови Вилијам и Џулијан, пренесе „Дејли Меил“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.