Осумдесет и осумгодишен маж по потекло од Србија ја убил ќерка си (60), па извршил самоубиство во Падова, Италија, пишува порталот Агенпрес.

Таткото ѝ дошол на роденден на ќќерка си и ја застрелал пред куќата, а потоа си го одзел животот. Двајцата се родени во Србија, а мотивот на трагедијата не е познат, наведува порталот, а пренесуваат српските медиуми.

Според истиот извор, таткото, кој се викал Стевио, живеел во Монфалконе, а ќерката Доријана во Падова.

Таткото пристигнал прв на роденденот, а подоцна, кога пристигнале други роднини, ги нашле безживотните тела на патеката пред куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.