Повеќе од 100 функционери на исламистичката партија, Енахда во Тунис, вклучително и пратеници и поранешни министри, поднесоа оставки во знак на протест поради начинот на кој раководството ја води партијата.

Западните медиуми оценуваат дека ова е најголемиот удар досега за партијата која се соочува со сериозна внатрешна поделба.

Енахда, најголемата партија во Парламентот, се наоѓа во криза откако претседателот Каис Сајед ја собори владата и ја суспендираше работата на законодавниот дом на 25 јули.

Во заедничка изјава, 113 членови на партијата наведуваат дека поднесуваат оставки поради погрешни одлуки на раководството на партијата, што доведе до изолација на оваа политичка сила, како и поради неуспехот за вклучување на партијата во кој било заеднички фронт со цел да се спротивстави на одлуките на Сајед.

Меѓу членовите кои поднесоа оставки се осум пратеници и седум поранешни министри, меѓу кои и министерот за здравство Абделатиф Меки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.