Првпат од избивањето на пандемијата граѓаните на Хавана ќе се соочат со полициски час и ќе им биде забрането да патуваат низ земјата, најавија властите.

Како што пренесува Си-ен-ен, властите во Куба се борат со епидемијата, но дека ситуацијата не е под контрола.

Полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот наутро вкупно 15 дена, најави гувернерот Реиналдо Гарсија Запата и предупреди дека ќе се зголемат казните за сите кои не носат маски или конзумираат алкохол на јавни места.

На Куба досега се потврдени 3.806 случаи на Ковид-19 и 92 починати пациенти, се наведува во најновиот извештај на американскиот универзитет Џонс Хопкинс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.