Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека карантинот ќе биде укинат од 15 декември и дека нема да се бара посебна дозвола или причина за напуштање на куќата и патување, но дека ќе биде воведен полициски час од 20 до 6 часот наутро и дека ќе биде укинат на 24 декември, но не и на 31 декември, како што беше претходно најавено, пренесува порталот „Локал Франс“.

Останува на сила и одлуката сите кина, театри и културни центри, кои требаше да бидат отворени на 15 декември, да останат затворени до 7 јануари следната година. Баровите, рестораните и спортските сали ќе останат затворени најмалку до 20 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.