Припадниците на интервентната полиција опремена со штитови и шлемови распоредни во квартот на белгиската престолнина во кои се лоцирани државните и инстициите на Европската унија и откако блокираше со препреки и бодликава жица некои улици, мораше да преимени водени топови и солзавец против демонстрантие кои се обидуваа да излезат од договрената рута за протестите против зострените епидемиолошки мерки.

Судирите започнаа откако неколку десетици главно млади лица се издвоија од главната маса демонстранти и се обидоа да го пробија полицискиот кордон. Полицајците притоа беа гаѓани со камења и пиротехника.

Две седмици по сличните протести кои прераснаа во насилство, поворката на демонстрантите во неделата започна мирно по улиците на Брисел следена од бројни припадници на полициските сили. Повеќето од демонстрантите тенацуваа во ритамот на техно-музиката емитувана преки разглас.

„Не, благодарам за вакцините“, „Ковид = организиран геноцид“, „QR = свастика“, се читаше од транспарентите кои ги истакнуваа демонстрантите. „Не ни е потрбена вакцина за нашите деца“, скандираше група жени.

Демонстрантите ги осудуваат задолжителните мерки кои на белгиското население му се наметнуваат од почетокот на пандемијата на Covid-19. Особено негодуваат против обврската за поседување на ткн здравствена пропусница, која е задолжителна за пристапот до некои места и објекти. Демонстрантите го критикиваат и медиумското следење на здравствената криза.

Рутата по којашто се движи протесната поворка чија бројност е проценета на околу 8.000 луѓе, е надлетувана од полициски хеликоптер. Пред две седмици полициајта беше изненадена од размерите на протестот и тогаш не успеа да ги спречи бездредијата и насилствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.