Холандската полиција спречила напад на центар за вакцинација против коронавирус во градот Ден Хелдер. Уапсено било машко лице.

Уапсениот се сомничи дека планирал терористички напад, наведува Обвинителството.

Осомничениот наводно планирал да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да го саботира процесот на имунизација, но нападот бил навреме спречен.

Ова се случувале на 18. март, но полицијата дури денеска ги открила деталите.

Судијата наредил истражен затвор, а истрагата продолжила поради можни соучесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.