Полицијата употреби палки и водени топови за да ги растера демонстрантите од улиците во центарот на Париз , каде се проценува дека има над 80 000 демонстранти. Илјадници и натаму маршираат низ градот , поминувајќи и по улицата каде утрово се случи силна експлозија во која загинаа двајца пожарникари и се повредени 50 луѓе.

Централниот дел на градот е целосно затворен од полицијата , пред заканата од радикалните демонстранти, кои би можеле да ги нападнат јавните установи.

Така, сите мостови на Сена се затворени, како и приодите кон претседателската палата и кон зградата на Парламентот.

Групи демонстранти со барање за оставка од претседателот Макрон се собрани и на Елисејските полиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.