Полицијата на Филипините го уби градоначалникот на еден град во централниот дел на земјата и неговите двајца помошници, а во престрелката убиени се и двајца полицајци.

Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на првобитните полициски извештаи единствено може да претпостави дека се работи за грешка.

Полицајците биле во рутинска патрола кога на нив , вчера попладне, отвориле оган припадниците на обезбедувањето на градоначалникот на градот Катбаоган, Роналд Акин кој се превезувал со комбе во источната провинција Самар, рече полициски командант.

Полицијата возвратила при што ги убила градоначалникот и неговите двајца помошници, додека обезбедувањето на градоначланикот убило двајца полицајци кои се возеле во автомобилот зад неговото комбе.

Тие се сомневале и отвориле оган на наште полицајци кои возвратиле, рече командантот и нагласи дека отворена е истрага за овој случај.

Пријател на убиениот градоначалник велид ека тој одел на роденденска прослава на неговото дете и дека е можно да бил мета на напад, но полицискиот командант вели дека не оделе по градоначалникот и дека само биле во рутинска патрола.

Неколку градоначалници и провинциски функционери поврзани со илегална трговија со дрога се нападнати и убиени на Филипините во последно време за време на владеењето на претседателот Родриго Дутерте, кој води бобра против дрогата, но надлежните велат дека убиениот градоначалник не бил поврзан со дрога.

Синоќешното насилство е најново во кое е вклучена полицијата. Тие според палнот на претседателот имаат широки овластувања во борбата против дргоата и криминалот, а нивната свирепост ги загрижува западните земји и активистите за човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.