Полицијата на Сиетл синоќа присилно ја расчисти повеќенеделната протестна зона на Сиетл, поради поплаки од сопствениците на локалните бизниси. „Окупираната“ зона го разлути и претседателот Доналд Трамп кој објави повеќе гневни пораки на Твитер.

Наредбата на градоначалничката Џени Дуркан следеше по неколку фатални пукања во областа и пријави за вандализирање на објекти.

За време на акцијата, изведена од вчера рано наутро до доцните вечерни часови, повеќе од триесетина лица беа уапсени и обвинети за безвластие, опструкција, напад и незаконско поседување оружје.

Дуркан изјави дека не смета дека повеќето од оние кои се наоѓале во зоната треба да бидат гонети по прекршочните пријави.

„Слободната“ зона се простираше неколку квартали од Капитолот на сојзуната држава Вашингтон и беше окупирана по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Група сопственици на локални бизниси го тужеа градот, тврдејќи дека официјалните лица ја напуштиле областа и со тоа го оневозможиле водењето бизнис, бидејќи нема полиција или противпожарна заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.