Берлинската полиција во саботата потврди дека морала да го прекине протестот против ограничувањата воведени во услови на пандемија на коронавирус, бидејќи учесниците не успеаја да одржат социјална дистанца.

За жал, немаме друга опција, твитна полицијата. Сите досега преземени мерки не доведоа до усогласување со условите.

Демонстрациите собраа повеќе од 18.000 луѓе скептични кон пандемијата и ограничувањата воведени за борба против неа. Според информации од полицијата уапсени се повеќе од стотина луѓе.

Претходно оваа недела, Германија ги забрани сите големи настани до крајот на 2020 година за да спречи понатамошно ширење на болеста. Во меѓувреме, канцеларката Ангела Меркел предупреди дека пандемијата може да се влоши во наредните месеци и ја советуваше јавноста сериозно да ја сфати.

Протест против ковид-мерките денеска се одржа и во Париз, Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.