Општинска полицајка е сериозно повредена во напад со нож што се случил претпладне вово Ла Шапел-сур-Ердр, во близина на Нант. Во потрагата по напаѓачот, кој побегнал со службеното оружје на полицајката, учествувале 240 припадници на жандармеријата и два хеликоптери. Осомничениот бил уапсен жив, но последните информации говорат дека починал, додека, тројца жандарми се ранети по престрелката со него.

Според полициски извор, ранетата полицајка е во животна опасност.

Националната жандармерија на Твитер даде директива да се избегнува секторот и строго да се почитуваат упатствата на жандармеријата.

Во градот, неколку продавници, исто така, беа евакуирани, а околните училишта дополнително обезбедени.

Напаѓачот е идентификуван како Ндиага Диеје (40). Тој им бил познат на службите поради насилство против силите на редот и радикализација.

Ова е трет напад врз припадник на француските полициски сили во последните неколку недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.