Британската полиција запре група на дилери на дрога среде автопатот. На драматична снимка од апсењето која беше објавена од тамошните медиуми се гледа како полицајците ги извлекуваат дилерите од возилото и ги фрлаат на земја.

Снимките направени од хеликоптер покажуваат полициски службеници кои присилно сопираат сино комбе и „нисан кашкаи“ кој се наоѓа зад него.

Британските медиуми објавија дека станува збор за најголемата заплена на кокаин во Велика Британија, чија вредност се проценува на околу 22 милиони евра.

Пакетот од 186 килограми бил под закрила на лидерот на бандата Џејми Симпсон (31), кој детективите го опишале како смирен и арогантен.

Симпсон и тројца членови на неговата банда осудени се вкупно на 35 години затвор. Во рамките на целата операција осудени се вкупно 17 лица на 120 години.

На снимката од хеликоптерот се гледа човек облечен во бело и сиво како лежи на земја, а полицијата потврди дека токму тој е лидерот на бандата, Симпсон.

Освен тоа објавено е и видео од мобилниот телефон на еден од членовите на бандата на кое се гледа како криминалците седат на маса и бројат брдо пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.