Полицијци во Колумбус, главниот град на американската сојузна држава Охајо, смртно застрелале 16-годишна Афроамериканка, за време на интервенција поради инцидент во кој таа со нож нападнала две девојки.

Убиената девојка е идентификувана како Макиja Брајант. Нејзината тетка Хејзел Брајант изјави дека тинејџерката живеела во згрижувачко семејство, а на инцидентот претходела расправија со две други девојки.

На полициска снимка од интервенцијата се гледа како Брајант замавнува со нож кон една од девојките, која паѓа, а потоа ја напаѓа другата девојка, при што полицаецот отворил оган.

Хејзел Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот пред да биде повеќепати застрелана.

Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќата каде што се случил инцидентот.

Градоначалникот на Колумбус, Ендрју Гинтер, го потврди инцидентот, истакнувајќи дека полицајците ја снимале интервенцијата и оти Бирото за криминалистичка истрага од Охајо (БЦИ) отвори истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.