Полицаецот обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, Дерек Чаувин, е пуштен од притвор со кауција од еден милион долари.

Чаувин, кој доби отказ од полицијата, е обвинет за второстепено убиство на Флојд, а судењето се очекува да почне следната година.

Тој беше еден од четворицата полицајци обвинети за убиството на Флојд при обид за насилно апсење.

Смртта на Флојд предизвика бран антирасистички протести во САД и ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.