Полицаецот Дерек Шовин беше прогласен за виновен во април по сите три точки од обвинението за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, а судот денес го осуди на 22 и пол години затвор.
На денешната пресуда зборуваше и седумгодишната ќерка на Флојд, Џана, која посочи колку недостасува нејзиниот татко.

„Ми недостасува да играм и да ме чувам. Исто така, би сакал да знам што се случи со него, така што тој не е тука. Еден ден повторно ќе играме заедно, и тој ќе ми помогне во сè како порано “.

Девојчето рече дека сака луѓето да го паметат како добар човек и му рече дека најмногу го сака на светот.

Шовин претходно се изјасни невин по сите три обвиниенија, и се повика на петтиот амандман, односно, одбил да одговара на прашањата на поротниците и на обвинителите. Тој е обвинет за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен. Во минатото не бил осудуван, па судијата и тоа го земал во предвид.

Флојд почина во мај од последици на гушење откако Шовин го држел своето колено на неговиот врат повеќе од девет минути во тек на приведувањето. Флојд е приведен затоа што се обидел да купи цигари со фалсификат пари од 20 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.