Мексикански полицаец кој учествувал во апсењето на синот на прoчуениот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман беше убиен на паркиралиште.

Ликивидацијата била регистрирана од надзорни камери, а на снимката се гледа како во средата наутро двајца мажи со полуавтоматски пушки излегуваат од црвен автомобил и стрелаат кон бел „нисан“.

Заседата траеше помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеале да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, пренесува „Дејли Мејл“.

Црвениот автомобил го следел белиот до паркинг пред трговски центар во Кулијакан, главниот град на мексиканската сојузна држава Синалоа.

Полицискиот службеник, идентификуван како Едуардо Н. (32), кој загинал во нападот, припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17. октомври полицаецот учествувал во апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на осудениот Ел Чапо Гузман, поранешен шеф на нарко-картелот од Синалоа.

Локалните власти го испитуваат инцидентот со цел да утврдат дали криминалната банда е одговорна за овој напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.