Француски полицаец вперува пиштол кон демонстранти кои го напаѓаат него и неговите колеги. Откако снимката се сподели по социјалните мрежи, Французите останаа шокирани од оваа постапка.

Според многумина ова е пример за несоодветен полициски одговор. Од друга страна, пак, полицискиот синдикат посочи дека нивниот колега дејствувал во самоодбрана, објави АП.

Полицаецот со пиштолот ја направи вистинската работа. Тоа донесе момент на пауза што им дозволи на моите колеги безбедно да го напуштат местото, изјави Роко Контенто од полицискиот синдикат.

Според него, постапката на полицаецот била насочена кон одвраќање на демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.