Полицајци од австралиската сојузна држава Викторија се под истрага поради насилно постапување со жена која не носела маска.

Видео од инцидентот покажува како полицаецот ја фаќа девојката за врат и ја турка до ѕид, при што таа вика „Ме давите“. Потоа полицајците ја туркаат девојката на земја по што ја притискаат со колена на земја.

На снимката се гледа како и незјиниот парнер, кој го снима инцидентот им кажува на полицајците дека 21-годишната девојка е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

Јасно ми е дека сите мора да носат маски, но некои граѓани се ослободени од таквата обврска. Начинот на кој ни пријдоа беше застрашувачки. Тие би требало да не штитат. Не се чувствувам заштитетено – изјави парнерот на нападната девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.