Снимките на полицискиот дрон над Нотр Дам ја покажуваат вистинската големина на катастрофалниот пожар, кој ја проголта најпознатата париска катедрала.

Опасноста од големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам веќе е неутрализирана, но „постојат сомневања како објектот ќе преживее“, изјави денеска државниот секретар во француското Министерство за внатрешни работи Лоран Нунес.

Денеска претпладне ќе имаме средба со архитекти и експерти во обид да се анализира дали структурата е стабилна и дали пожарникарите може да влезат внатре, за да ја продолжат својата работа, изјави тој.

Нунес соопшти дека огнот „е под контрола, но не е целосно изгаснат“.

Причината за пожарот се уште не е позната, нагласи Нунес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.