Украинската служба за безбедност го стави лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на потерница, покажуваат информациите достапни на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи.

Кадиров е означен како „поединец кој се крие од истражните органи“, а на потерницата е објавена и негова фотографија, пренесе ТАС С.

Во петокот Службата за безбедност на Украина објави дека поднела обвинение против Кадиров, обвинувајќи го за „агресивно водење војна“ и „спроведување дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.