Во американскиот федералниот суд денеска е поднесена првата тужба против компанијата „Боинг“, поради падот на авионот „Етиопиан ерлајнс“ 737 МАХ на 10 март годинава, кога загинаа 157 лица.

Тужбата до федералниот суд во Чикаго ја поднесе семејството на Џексон Мусони, државјанин на Руанда.

Како што е наведено во тужбата, „Боинг“, кој произведува авиони од типот 737 МАХ, имал неисправен дизајн на автоматизираниот систем на контролата на летот.

Од компанијата засега нема никакви изјави по повод тужбата.

Авионот на „Етиопиан ерлајнс“ се урна веднаш по полетувањето од Адис Абеба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.