Словачкото обвинителство денеска подигна обвиненија против четири лица осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница.

Меѓу четирите обвиненија едно е и за наводниот организатор на убиството, бизнисмен, кој подолго време е осомничен за вмешаност во злосторството. Претходно, обвинителите го идентификуваа како Маријан К.

Убиството на Куцијак и Мартина Кушнирова на 21 февруари 2018 година во нивниот дом предизвика масовни протести и политичка криза, што доведе до пад на владата на Роберт Фиц и смена на директорот на полицијата.

Словачките власти веруваат дека убиството на Куцијак и Кушнирова е нарачано поради неговото истражување за можна корупција во владата. Обвинителството претходно наведе дека нивното убиство платени се 70.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.